ЗА НАС

........................................................................................................................................................................................................................

Кога го основав Урбан Стил Инженеринг во 2003, забележав дека многу од инвеститорите на поголеми градежни, еколошки и проекти од областа на енергетската ефикасност бараат квалитетен изведувач или консултант. Јас ја изградив фирмата со убедување дека овој проблем може да се избегне, ублажи или реши со примена на соодветна експертиза. Ние се проширивме со ангажирање на искусни и респектирани професионалци од различни домени во изведбата и консалтингот. Како резултат, Урбан Стил Инженеринг стана една од водечките млади фирми која се занимава со градежништво и консалтинг во регионот.

Денес, Урбан Стил Инженеринг е мулти-дисциплинарна градежно-консултантска фирма која опслужува приватни клиенти, државни институции, интернационални агенции, нудејки широка палета на услуги.

Нашата формула е многу едноставна: ние ги ангажираме најдобрите луѓе, ги разбираме барањата и целта на нашите клиенти, таму каде што сме присатни  комплетно го превземаме секој проект во наши раце. Без разлика колкава е нашата улога во проектот, мала или голема, наша задача е да ги надминеме очекувањата на клиентот на секој можен начин. Нашата историја е дефинирана со успешни проекти. Нашата иднина е дефинирана со успех на Вашиот следен проект.

Срдечно,

Петар Стошиќ  дипл.град.инж.

Управител,

........................................................................................................................................................................................................................